Заев: Македонија заслужува индивидуална проценка за членство во ЕУ
Импулсот на ЕУ е изграден. Силно верувам дека Македонија заслужува индивидуална проценка. Ние сме кандидат за ЕУ од 2005-та година- истакна премиерот Заев на дебатата во Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Берлин...

Главните амбиции на Република Македонија во 2018-та година се почеток на преговорите за членство во ЕУ и земјата да стане 30-та членка на НАТО. Импулсот на ЕУ е изграден. Силно верувам дека Македонија заслужува индивидуална проценка. Ние сме кандидат за ЕУ од 2005-та година- истакна премиерот Заев на дебатата во Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Берлин на тема „Од предизвици до перспективи: Демократските реформи и Евро-атлантска интеграција на Република Македонија“ за време на официјалната посета на Германија.
Премиерот Заев во својот говор нагласи дека „граѓаните во целиот регион се надеваат на нова генерација трансформациони лидери кои можат да го негуваат одржливиот мир и стабилност, да развијат соработка и да им служат на економските интереси и благосостојба на нивните граѓани“.
На дебатата учествуваше и Михаел Рот, државен министер за Европа во Министерството за надворешни работи на Германија, кој ја афирмираше позицијата на поддршка на земјите од Западен Балкан во нивнитеаспирации за членство во ЕУ, и нагласи дека секоја земја треба да се проценува според индивидуалните достигнувања.
Не поставувајте црвени линии, туку седнете и разговарајте во врска со спорот за името, исткана Рот на дебатата, предупредувајќи на ризикот од испуштање на шансата, што сега постои, за затворање на овој долгогодишен проблем.
