Јункер в недела во Македонија, в понеделник доаѓа тројката европратеници

22.02.2018 10:57

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, турнејата низ Западен Балкан ја почнува од Македонија...

В недела во земјава пристигнува претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, како дел од турнејата низ Западен Балкан.

„Посетата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на Скопје, претставува порака самата за себе. Тој ја почнува турнејата по земјите од Западен Балакан и прва станица е токму Скопје и тоа е порака самата за себе“, изјави вчера евроамбасадорот во земјава, Самуел Жбогар.

В понеделник, пак, тројката европски пратеници, Кукан, Вајгл и Флекенштајн пристигнуваат во земјава за утврдување на постигнатото од реформите според извештајот на Прибе.

Засега нема информации дали тројцата пратеници ќе имаат официјални средби со претставници на парламентарните партии. Европратениците беа иницијатори на идејата за разговори во куќата на Жан Моне во Париз, но средбата на претставници на парламентарните групи беше одложена.