Штајмаер: Решението на прашањето за името ќе даде позитивен импулс за целиот регион
22.02.2018 11:07
Има видливи и значајни промени, нагласил германскиот претседател на средбата со премиерот Заев...

Премиерот Заев за време на официјалната посета на Берлин оствари средба и со германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, кој оценил дека решението на спорот со Грција ќе даде позитивен импулс за целиот регион и за стабилноста.
Заев посочил, освен политиките за забрзување на евроинтеграциските процеси, напорите на Владата се фокусирани и на спроведување внатрешни реформи и затворање на долгогодишни и длабоко чувствителни прашања со соседите.
Има видливи и значајни промени, нагласил германскиот претседател на средбата на која е разговарано за економнската соработка, за безбедноста и за членството во НАТО.
