Манчевски: До крајот на март ќе се знае бројот на вработените во администрацијата
Институциите мора да ги внесат податоците во Регистарот на Министерството за информатичко општество.

До крајот на март ќе се знае точниот број на вработените во јавната администрација, тврди министерот Манчевски. Институциите мора да ги внесат податоците во Регистарот на Министерството за информатичко општество.
„Целосното ажурирање на податоците и пополнет регистар ќе дадат јасна слика за моменталната состојба во администрацијата, бројот на слободни работни места, старосната структура, бројот на лица пред пензија и многу други податоци. За пополнување на слободните работни места, ќе може да се најде соодветен кадар кој ќе ги исполнува потребните критериуми и ќе може да се преземе од трансфер листата“, изјави министерот Манчевски.
Доколку не се совпаднат со пресметкитре за плата, ќе се појави грешка и Управата за јавни приходи ќе ја блокира исплатата, рече директорката на УЈП, Лукаревска.
Институциите кои не ги внеле податоците за вработените во Регистарот, имаат рок од три месеци тоа да го сторат. Законските прописи со кои се предвидува оваа мерка, веќе се поминати во Собрание, а се чека објавата во Службен весник за да стапат во сила.
