Ништо од вардарова сензација во Париз
Убедливи 35:25 за ПСЖ којшто имаше контрола на целиот натпревар...

Вардар немаше сили за второ изненадување против Пари Сен Жермен и го направи утрешниот дуел Металург – Барселона неважен за конечниот поредок во групата Ц. Црвено – црните претходно обезбедија осминафинале во Лигата на шампионите, но во него ќе влезат од четвртата позиција.
Убедливи 35:25 за ПСЖ којшто имаше контрола на целиот натпревар. Во првото полувреме вардарци се враќаа во игра, но лошиот старт на второто беше клучен за високиот пораз. Парижани направија серија од 7:1 и во 40-тата минута поведоа со 22:13.
Карачиќ беше најефикасен на мечот со седум голови, Прибак постигна пет, Дибиров четири. Одличен на францускиот гол беше Аноне со 15 одбрани, Абало и Гарсија Робледо реализраа по пет погодоци. Со оваа победа Пари Сен Жермен го обезбеди второто место со 13 бода. Вардар има десет како и Металург, но ќе остане четврти без разлика на утрешниот резултат на екипата од Авткомоманда против првопласираната Барселона. И да загубат металурзите ќе бидат трети затоа што имаат подобар ефект од Вардар во меѓусебните дуели.
