Иницијатива за единство и заложби на Ромите
Ромите за прв пат усвоија предлог- декларација за нивните стратешки интереси во Република Македонија...

Мултиетничко општество на еднакви граѓани и еднакви заедници, праведна, целосна и правична застапеност на ромската заедница, согласно со Охридскиот рамковен договор, постигнување на еднаквост при употреба на мајчиниот јазик, како и мултикултурно образование се барањата на Ромите. Усвоија предлог- декларација за нивните стратешки интереси во Македонија.
Велат, дека тргнуваат од историските заложби на нивните претци за признавање и афирмација на ромската заедница која придонесува за мултикултурно општество во земјава.
Според податоците на Државниот завод за статистика во Македонија живеат околу 53.000 Роми. Претставниците на невладите кои работата на терен велат дека тој број е трипати поголем, и дека во земјава живеат околу 150.000 Роми.
Наташа Јанчиќ
