Германија
Уапсен рускиот фудбалски хулиган од ЕВРО 2016
22.02.2018 14:52
Во Франција му се заканува казна од 15 години за обид за убиство и сериозна физичка повреда врз мозокот, белите дробови и коските на 51-годишниот Ендру Баш од Портсмут.

Германската полиција упаси 31- годишен Русин, осомничен за напад врз британски навивач за време на европското првенство во 2016-та година во Марсеј.
Во Франција му се заканува казна од 15 години за обид за убиство и сериозна физичка повреда врз мозокот, белите дробови и коските на 51-годишниот Ендру Баш од Портсмут.
Рускиот хулиган е идентификуван по заедничката истрага со британската полиција која траеше речиси година и пол.
