Пратенички прашања во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ не присустува

22.02.2018 15:00

Последен четврток во месецот, во Собранието седница за пратенички парашања. Неодминлива тема имплементацијата на Охридскиот договор и Законот за употреба на јазиците. ВМРО-ДПМНЕ не учестуваше...

Велешкото Јавно обвинителство води постапка против конкретен сторител за случајот со штитеничката на домот „25 Мај“. Во скопското, нема кривични пријави, вели државниот обвинител Јовески. Во службените белешки за побарани дополнителни информации од МВР не се посочува конкретен сторител на кривични дела, објасни јавниот обвинител. Пратеничката Туфегџиќ смета дека обвинителите можат по службена должност да поведат постапка против непознат сторител.

Кои се конкретните чекори на Владата за да се спречи можното укинување на заштитата од УНЕСКО на Охридското подрачје, го праша премиерот Заев, пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев. Смета дека претходната влада нанела огромна штета на културното наследство што е нотирано и во последниот извештај на Комитетот од УНЕСКО. Премиерот Заев појасни дека е донесен акциски план за имплементација на забелешките.

На седницата за пратенички прашања, на којашто не присуствуваше ВМРО-ДПМНЕ, неодминлива тема имплементацијата на Охридскиот договор и Законот за употреба на јазиците.

Вицепремиерот за евроинтеграции Османи рече дека патот до Брисел води преку Охрид. Се повика на неодамнешното обраќање на генералниот секретар на НАТО Столтенберг во законодавниот дом, кој го поздрави носењето на Законот. Според Османи, Столтенберг како услов за членство го посочил и Законот за јазиците.

 

Миле Ристески