Тимошенко ќе се кандидира за претседател на Украина!
22.02.2014 21:52
Тимошенко ќе се кандидира за претседател на престојните парламентарни и претседателски избори во Украина, кои се закажани за 25-ти мај...

На бината на Плоштадот на независноста во Киев, само што излезе од затворот во Харков, поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко, во инвалидска количка, се појави на демонстрантите.
Додека демонстрантите скандираа „Јулија! Јулија!“ таа гордо изјави дека „Украина од денес е ослободена од диктатурата“.
Како што пренесува Ројтерс, Тимошенко ќе се кандидира за претседател на престојните парламентарни и претседателски избори во Украина, кои се закажани за 25-ти мај.
Јулија Тимошенко беше уапсена и осудена на затворска казна поради наводна злоупотреба на службената положба.
