Дел од партиите барат промена на изборниот модел и начинот на финансирање
Промена на изборниот модел и на начинот на финансирање на партиите, побараа дел од партиите. Организирана дебата. Меѓу предлозите, да се намали бројот на изборни единици и да се воведат отворени листи на кандидати.

Промена на изборниот модел, на системот за финансирање и регистрацијата, ова се само дел од забелешките што политичките партии ги нотираа како предуслов за подобар изборен процес и демократија. Парламентарните и вонпарламентарните партии на трибината ги соочија ставовите.
Намалување на изборните единици од шест на три и отворени листи за партиските кандидати, побараа од ДУИ. Сметаат дека е добро да има загарантирани места за помалите етнички заедници, по моделот на неколку земји во Европа.
Според ВМРО-ДПМНЕ, потребен е политички дијалог за да се ревидира системот за финансирање на политичките партии. Сегашното решение не остава простор за целосна контрола на финансиите од државните институции.
Професорот Даскаловски вели дека е потребно е да се смени Законот за политичките партии, за да се предвидат подемократски модели на избор на централните и на локалните органи на партијата, заради поголема внатрепартиска демократија.
Политичките партии побараа и поедноставување на начинот на регистрација на политичките партии, целосно финансирање од државниот буџет со цел политичките елити да не зависат од бизнис центрите на моќ. Повеќето од нив побараа земјава да биде една изборна единица за да нема фаворизирање на условно големите политички партии.
Игор Панов
