Училиштето- клучна институција за унапредување на медиумската писменост
Училиштето е клучна институција за унапредување на медиумската писменост. Пристапот до илјадници ресурси на интернет носи нови ризици. Потребна е едукација за препознавање и справување со манипулациите и лажните вести...

Потребна е итна едукација за медиумска писменост во образовниот систем. Пристапот до илјадници ресурси на интернет носи нови ризици, затоа е потребна едукација за препознавање и справување со манипулациите и лажните вести. На конференцијата надлежните истакнаа дека она што е поставено како иницијатива, мора да се интегрира во рамките на наставните предмети.
Препознаен е ентузијазам кај некои професори. Има обиди кои влегуваат во концептот на медиумска писменост, на пример посета на телевизии, разговор на ученици со новинари, сметаат од Високата школа за новинарство и односи со јавност.
Од Министерството за образование со став дека е потребно да се осовременат наставните содржини за медиумска писменост и истото да биде проследено со соодветна обука за наставниот кадар.
Препораката од учесниците на конференцијата „Медиумската писменост во Македонија: Во или вон образованието“ е - содржините за медиумска писменост да бидат вклучени во повеќе наставни предмети како социологија, граѓанско образование и мајчин јазик.
Ана Јосифоска- Тодоровска
