Јункер в недела во Македонија на средби со државниот врв
Претседателот Јункер ќе го придружуваат високата преставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан...

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер својата балканска турнеја ќе ја започне в недела на 25-ти февруари со посета на Македонија, во рамки на која до 1-ви март ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан.
Претседателот Јункер ќе го придружуваат високата преставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан.
Во Македонија засега се потврдени средби со премиерот Зоран Заев и со претседателот Ѓорѓе Иванов, но не се исклучуваат дополнителни средби.
Јункер и Заев треба да одржат и заедничка прес конференција, потврдуваат од Европската Комисија.
