Димитров на форум на ЦЕПС во Брисел
Ова е еден од главните годишни настани на ЦЕПС, кој ги собира највисоките европски лидери и креатори на политики кои дискутираат за теми и прашања важни за сегашните и идните политики на ЕУ.
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува на форумот ЦЕПС Идеас Лаб 2018-та, што го организира Центарот за европски политички студии. Како што соопшти МНР, предвидено е Димитров да има излагање на две сесии на настанот: „Копенхашката дилема на ЕУ: Зачувување на владеењето на правото пред и по пристапувањето?“ и „Западен Балкан: Црна дупка во Европа?“.
Ова е еден од главните годишни настани на ЦЕПС, кој ги собира највисоките европски лидери и креатори на политики кои дискутираат за теми и прашања важни за сегашните и идните политики на ЕУ.
Годинашната дебата насловена „Европа – повторно на вистинската патека“ ќе ја отвори претседателот на комисијата Жан- Клод Јункер, и на која ќе има низа дискусии на истакнати европратеници и национални креатори на политики, и заедничко завршно излагање на министерот за надворешни работи на Белгија, Дидие Рејндерс и Лилјана Павлова, претставник на Бугарија која претседава со ЕУ, соопшти МНР.
