Вајгл, Кукан и Флекенштајн в недела во Македонија
23.02.2018 09:42
Тројцата пратеници ќе остварат средби в понеделник попладне со лидери на главните политички партии.
Европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн в недела ќе ја посетат Македонија во рамките на процесот „Жан Моне“.
Овој формат на средби меѓу Европскиот парламент и македонските политички лидери беше инициран кон крајот на минатата година, и има за цел да го помогне политичкиот дијалог далеку од очите на јавноста.
Тројцата пратеници ќе остварат средби в понеделник попладне со лидери на главните политички партии.
Се очекува тие да се сретнат со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска и со спикерот на Собранието, Талат Џафери.
Други билатерални средби засега не се потврдени.
