Претставена евровизиската песна „Таму кај што припаѓам“ на Тијана
22.02.2014 22:50
Музиката за песната ја направија Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а аранжманот и продукцијата се дело на Дарко Димитров...
Македонската Радио Телевизија во вечерашното издание на музичкото шоу „Хит на месецот“ ја претстави евровизиската песна „Таму кај што припаѓам“, со којашто Тијана Дапчевиќ ќе ја претстави Македонија на 59-тото издание на Изборот на песна за Евровизија.
Музиката за песната ја направија Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а аранжманот и продукцијата се дело на Дарко Димитров. Текстот за македонската верзија го изработи Елена Ристеска, додека за англиската верзија со наслов „To the Sky“ се погрижија Елена и Дарко, во консултација со Лаура Роска од Романија.
„Многу верувам во песната, сигурна сум кога ја пеам и сигурна сум во добар пласман“, вели Тијана.
Изборот на песна за Евровизија оваа година се одржува во Копенхаген, Данска од 6-ти до 10-ти мај. Македонија настапува во второто полуфинале на 8-ми мај и ќе го забележи своето 14-то учество на најгледаното музичко шоу на стариот континент.
