Јовановски заминува во куќен притвор, Мукоски останува во затворот во Шуто Оризари
23.02.2018 10:30
Апелациониот суд вчера ја прифати жалбата на актерот Владо Јовановски и одлучи мерката да ја ублажи со куќен притвор...

Aктерот Владо Јовановски излегува од притворот во Шутка. Апелациониот суд вчера ја прифати неговата жалба и одлучи мерката да ја ублажи со куќен притвор.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски кој се жалеше на нарушена здравствена состојба останува во притвор во затворот во Шуто Оризари, а неговиот колега Љупчо Димовски во домашен притвор.
