Иванов ќе биде информиран за борбената готовност, плановите и задачите на АРМ

23.02.2018 11:16

Брифингот за борбената готовност е редовна обврска на Началникот на Генералштабот на АРМ кон Претседателот на Република Македонија.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе биде информиран за борбената готовност на Армијата на Република Македонија од страна на Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал- потполковник Методија Величковски, соопштија од Кабинетот на претседателот.

Брифингот за борбената готовност е редовна обврска на Началникот на Генералштабот на АРМ кон Претседателот на Република Македонија.

Претседателот Иванов ќе биде информиран за реализацијата на плановите и задачите на АРМ во 2017-та година, согласно функционалните области на АРМ.