Грција ја поддржa кандидатурата на Македонија за Јадранско- јонската иницијатива

23.02.2018 11:21

Јадранско- јонската иницијатива во која учествуваат Грција, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија, соработуваат во областите на чистиот развој, поврзувањето на регионот...

Грција ја поддржа кандидатурата на Македонија за членство во европската стратегија за Јадранско- јонскиот регион, го извести во писмото еврокомесарот Хан, заменик-министерот за надворешни работи Јоргос Катругалос.

Учеството на Македонија во иницијативата беше најавена и по последната средба на премиерите Заев и Ципрас во Давос, Швајцарија.

Јадранско- јонската иницијатива во која учествуваат Грција, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија, соработуваат во областите на чистиот развој, поврзувањето на регионот, квалитетот на животната средина и одржливиот туризам.