Ципрас и Меркел во Брисел ќе разговараат за прашањето за името

23.02.2018 12:20

Средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка Ангела Меркел ќе се одржи денеска во Брисел, во рамките на неформалната средба на 27-те земји членки на ЕУ...

Прашањето за името ќе биде на агендата на средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка Ангела Меркел, што ќе се одржи денеска во Брисел, во рамките на неформалната средба на 27-те земји членки на ЕУ.

Според грчки медиуми, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, Меркел изразила став дека „ситуацијата во Македонија е смирена во голем степен и дека земјата е навлезена во фаза на стабилизација“.

Се одбележува и дека по разговорот со Заев, германската канцеларка добила впечаток дека неговата влада „полага напори за да ја реализира амбициозната реформска програма “.

Прашањето со името било една од темите и на телефонскиот разговор Ципрас - Меркел, што се случи ден пред посетата на премиерот Заев на Берлин и средбата со германската канцеларка, потвди кабинетот на Ципрас.