Формирана интерпартиска парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата
Во Собранието основана Интерпартиска парламентарна група за правата на луѓето од ЛГБТИ заедницата. Пратениците, кои доаѓаат од различни партии рекоа дека нивна цел ќе биде заштита од дискриминација, од говор на омраза, како и заштита од насилство предизвикано од омраза поради различната сексуална ориентација и родов идентитет...

Градење на општество во кое сексуалната дискриминација и родовиот идентитет нема да претставуваат пречка за остварување на човековите права и слободи- во Парламентот формирана интерпартиска група. За членовите денеска е ден кога се оди чекор напред.
Иницијативата за формирање на Интерпартиската парламентарна група е поттикната од граѓански организации кои работат во сферата за заштита и унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. Велат дека имаат големи очекувања од пратениците.
Во групата членуваат 13 пратеници од постојниот собраниски состав од различни политички партии.
Ана Јосифоска- Тодоровска
