Јункер во Македонија на средби со државниот врв

25.02.2018 09:16

Јункер во земјава доаѓа во придружба на комесарот за проширување Јоханес Хан. Посетата е дел од нивната турнеја во регионот по повод Стратегијата за проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер својата балканска турнеја ја почнува денеска со посета на Македонија, во рамки на која до 1-ви март ќе ги посети сите шест земји од Западен Балкан.

Јункер во земјава доаѓа во придружба на комесарот за проширување Јоханес Хан. Посетата е дел од нивната турнеја во регионот по повод Стратегијата за проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан.

Претходно беше најавено дека со претседателот на ЕК во Македонија ќе престојува и високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, но таа насоро ќе има посебно патување во регионот.

Јункер е предвидено да се сретне со премиерот Зоран Заев, а по тет-а-тет средбата делегацијата на Владата ќе одржи и пленарна средба со делегацијата на ЕУ.

Јункер и Заев треба да одржат и заедничка прес- конференција.