Најмногу снег во Маврово, сообраќајот во зимски услови

26.02.2018 10:04

Во земјава најмногу снег има во Маврово, каде е формирана снежна покривка од 78 сантиметри. Во Лазарополе има 51 сантиметар снег, Крушево 41, Пожаране 38, Ѓуриште 25, Дебар и Тетово 20, Дојран и Претор 17. Снежните врнежи низ целата држава го отежнаа и го забавија сообраќајот, особено товарниот.

Под влијание на студениот сибирски бран што од исток се прошири кон Балканскиот полуостров, целиот регион е зафатен од ниски температури и врнежи од снег, кој падна дури и во делови на јадранското крајбрежје.

Во земјава најмногу снег има во Маврово, каде е формирана снежна покривка од 78 сантиметри. Во Лазарополе има 51 сантиметар снег, Крушево 41, Пожаране 38, Ѓуриште 25, Дебар и Тетово 20, Дојран и Претор 17. Во Битола се измерени 16, а во Скопје и Тополчани 15 сантиметри. Најмалку снег има во Прилеп, само три сантиметри.

Снежните врнежи низ целата држава го отежнаа и го забавија сообраќајот, особено товарниот.

Од АМСМ информираат дека се воведени забрани за камиони на премините Пресека, Стража, Буково, Ѓавато и Барбадос, на регионалниот пат Македонски Брод- Прилеп, на патиштата Маврово- Дебар, Струга- Граничен премин Ќафасан, на магистралниот пат Крива Паланка- Деве Баир, на излезот од градот.

Во 8 часот и 45 минути утрово, укината е забраната за движење на камиони преку преминот Плетвар.

Од АМСМ потсетуваат дека е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.