Доминација на Русите во трката на 50 км
Во дисциплината во која Шведска и Норвешка имаат по 7 титули, триумфираше Александар Леков со рекордни 1 час, 46 минути 55 секунди и две десетинки, или седум десетинки пред Максим Виљегзнин, кој во фото финишот беше побрз од Илија Черноусов...

Тројна победа на руските скијачи во најбрзата трка во историјата на 50 километри слободно, во која за првпат се постигнати резултати под два часа. Во дисциплината во која Шведска и Норвешка имаат по 7 титули, триумфираше Александар Леков со рекордни 1 час, 46 минути 55 секунди и две десетинки, или седум десетинки пред Максим Виљегзнин, кој во фото финишот беше побрз од Илија Черноусов.
Извиси Норвежанецот Сундби, со што скандинавците по вторпат немаа претставник на подиумот, по 2006 во Торино. Голем пех во завршницата имаше Швајцарецот Колоња, кому во последните 2 километра му се скрши скијата, со што ги загуби шансите за трет медал во Сочи.Олимпискиот шампион од Ванкувер Норежанецот Нортуг и светскиот првак од Вал ди Фјеме Швеѓанецот Олсон, беа далеку од потребното ниво.
Дарко Дамјаноски во првите 10 километри беше на 52 место, но не успеа да ја заврши трката. Колку беше брза, сведочи и податокот дека дури 58 натпреварувачи имаа подобро време, во однос на досега најбрзата, истрчана пред 22 години во Албервил, кога победи Бјорн Дејли. Со триумфалниот настап на триото Руси, земјата домаќин е најуспешна на игрите во Сочи, со 12 златни, 11 сребрени и 9 бронзени медали, и е недостижна за конкуренцијата.
