Четиринаесет години од смртта на претседателот Трајковски
Во Скопје, во Aлејата на великаните на градските гробишта во Бутел, цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани.

Во Македонија денеска ќе бидат одбележани 14 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.
Во Скопје, во Aлејата на великаните на градските гробишта во Бутел, цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани.
Во авионска несреќа што се случи на 26-ти февруари 2004-та година загина претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски и осумчлена македонска делегација која патуваше на меѓународна конференција во Мостар.
