Судењето за случајот „Поткуп“ одложено за 6-ти март

26.02.2018 10:20

Минатото рочиште, исто така, беше одложено на барање на јавен обвинител кој го известил новиот судија во предметот, Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на судењето.

Кривичниот суд Скопје, по барање на одбраната, го одложи за 6-ти март рочиштето за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев.

Минатото рочиште, исто така, беше одложено на барање на јавен обвинител кој го известил новиот судија во предметот, Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на судењето.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.