Продолжен притворот на Чавков, Мукоски и Василевски
26.02.2018 10:22
Ова е четврто продолжение на нивниот притвор...

Апелацискиот суд Скопје вчера им го продолжил притворот на 13 лица, меѓу нив и на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски за настаните во Собранието од 27-ми април.
Ова е четврто продолжение на нивниот притвор, при што три одлуки беа од Кривичниот, а ова е прва од Апелацискиот суд.
