ВМРО- ДПМНЕ: Судот не го интересира правдата
26.02.2018 13:19
Според партијата, иако нема никаква основа на неправедно обвинетите за настаните од 27-ми април да им се ограничува слободата, на нив повторно им е одредена мерка притвор.

Со определување нови 30 дена притвор за патриотите, судот уште еднаш покажа дека не го интересираат правдата, вистината и аргументите, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, иако нема никаква основа на неправедно обвинетите за настаните од 27-ми април да им се ограничува слободата, на нив повторно им е одредена мерка притвор.
Судот упорно ги игнорира фактите дека обвинетите не може да го повторат делото, кое не го сториле, дека немаат намера да избегаат од државата, ниту пак да влијаат врз конструираната истрага, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
