Здравство

Готов е обдукцискиот наод за починатата родилка

26.02.2018 13:39

Министерот Филипче деталите не ги соопштува, бидејќи наодот е предаден во Основното јавно обвинителство...

Минатата недела во Министерството за здравство пристигнале извештаите од обдукцискиот наод од судска медицина за родилката од Кичево, која почина при породување во болницата „Санте Плус“, потврди министерот Филипче. Но, деталите не ги соопштува, бидејќи наодот е предаден во Основното јавно обвинителство.

Според Филипче, во текот на денот ќе бидат соопштени деталите од Комисијата која го испитуваше случајот. Засега само анестезиологот кој го вршеше породувањето доби отказ од работното место.