14 години од смртта на претседателот Трајковски
Македонија одбележува 14 години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски, кој животот го загуби во авионска несреќа, кај Ротимље во близина на Мостар. Во Алејата на великаните во Бутел, на гробот на Трајковски, како и на спомен одбележјето во Струмица, цвеќе положија членови од семејството на претседателот, повеќе делегации, здруженија, политички партии, локални власти и граѓани.

Одбележани 14 години од смртта на претседателот Борис Трајковски, кој трагично загина во авионска несреќа кај Ротимље, Мостар. Во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел пред споменикот, положија цвеќиња семејството, повеќе делегации, од дипломатскиот кор и граѓани.
По 13-ти пат беше организиран и меморијалниот марш од Струмица до Скопје. Планинарите неуморни, со гордост, му оддадоа почит на нивниот сограѓанин. Им се приклучуваат планинари и од други градови. Поклонување пред споменикот „Македонија“ во Струмица и потсетување на ликот и делото на Борис Трајковски.
Во авионска несреќа, покрај преседателот Трајковски загинаа и осум члена од делегацијта која патуваше на меѓународна конференција во Мостар. За падот на кингерот беа направени две истраги и два извештаи.
По барање на Македонија, со поддршка од европратеникот Андреас Грос, по собирањето на дополнителните докази од МВР, во јануари 2013-та беше отворена нова истрага која ја водеше босанскиот експерт Омер Кулиќ.
За македонската страна, нејасно зошто е пренасочена локацијата каде да се бара авионот, иако Кулиќ во извештајот вели дека контролорот на летање знаел каде паднал авионот.
Во последниот извештај, покрај процедуралните грешки во приодот на слетување, беа наведени и системски пропусти. Беше објавен и транскриптот од црната кутија, односно целиот разговор меѓу пилотите и контролата на летање.
Наташа Гркова- Петрушевска
