Македонија да опстои на зацртаните реформи, опозицијата да се вклучи во работата на Собранието
„Македонија да опстои на зацртаните реформи за да го добие очекуваниот датум за почеток на преговорите“- порака од конференцијата на Парламентарните комисии за европски прашања и интеграции. Владата тврди- сакаме да станеме вистинска европска демократија. Американскиот амбасадор бара, изразената поддршка за ЕУ и за НАТО да се преточи во политичка волја...

Македонија да опстои во зацртаните реформи што би овозможиле добивање датум за почеток на преговорите- порака oд Конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања на државите опфатени во процесот на стабилизација и асоцијација. Исполнување на Копенхашките критериуми, решавање на билатералните спорови, враќање на опозицијата во Собранието- се клучните поенти на кои се фокусираа европските пратеници.
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, рече дека Владата активно работи на имплемнетирање на приоритетните реформи. Во однос на разликата за името со јужниот сосед, истакна дека нашата држава има предност од аспект на меѓународното право- Хашката пресуда е во корист на Македонија, но ситуацијата бара поинаков политички пристап.
Мониторингот, трнспарентноста и очетноста- според американскиот амбасадор Џес Бејли, се катализатор на успех. Тој инсистира на владеење на правото, демократијата и индивидуалните слободи.
Заклучокот од конференцијата е да се искористи моментот, 2018-та да биде одлучувачка година за евроатланската интеграција на регионот и да се намалат влијанијата од истокот.
Марина Стојанова- Тонева
