Метео: Облачно и студено, повремени врнежи од снег
26.02.2018 17:02
Студениот бран ќе се задржи на нашето подрачје до четврток, а од петок ќе настапи постепено затоплување на времето.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет особено во јужните и западните делови од земјата.
Ќе дува слаб до умерен, а во Пелагонискиот регион повремено засилен ветер од јужен правец.
Студениот бран ќе се задржи на нашето подрачје до четврток, а од петок ќе настапи постепено затоплување на времето.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
