Жртви во силниот земјотрес во Папуа Нова Гвинеја
27.02.2018 10:38
Над 30 лица загинати, меѓу нив и четири деца, а над 300 се повредени во земјотресот со интензитет од 7,6 степени според Рихтер, што го погоди централниот дел на Папуа Нова Гвинеја. Се проценуваат штетите...

Десетици лица загинаа, а над 300 се повредени во земјотресот од 7,6 рихтери во централниот дел на Папуа Нова Гвинеја.
Најпогодени се провинциите Јужни Височини и Хела на најголемиот остров на тихоокеанската држава. Покрај човечките жртви, предизвикана е и голема материјална штета врз објектите, гасоводите и рударските окна.
Епицентарот е регистриран на 560 километри од престолнината Порт Морсби, на длабочина од 35 километри.
