Протест за одбрана на името и идентитетот

27.02.2018 10:43

Маршот ќе почне пред Мисијата на Европската унија, а ќе заврши пред Собранието.

Македонските заедници во светот попладне во Скопје организираат протест за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата. Маршот ќе почне пред Мисијата на Европската унија, а ќе заврши пред Собранието.

Се бара безусловен прекин на разговорите за името и продолжување на членството во Обединетите нации и во меѓународните организации под државното име Македонија, повлекување на Законот за употреба на јазиците, на Договорот со Бугарија и итно ослободување на притворените и осудените за собраниските настани од 27-ми април лани.

Барањата ќе бидат доставени до Претседателот, до Собранието, до Владата и до странските амбасади во Македонија.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие не се организатори, но дека го поддржуваат уставното право на мирен протест.