ВМРО-ДПМНЕ: Судот за едни е мајка, а за други маќеа

27.02.2018 10:57

Рочиштето во кое што Зоран Заев е обвинет за поткуп од 200.000 евра, повторно беше одложено, додека без никаква правна основа судот веќе три месеци им го продолжува притворот на патриотите заради измислен тероризам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Правдата и законите во Македонија не важат подеднакво за сите. Судот за едни е мајка, а за други маќеа. Рочиштето во кое што Зоран Заев е обвинет за поткуп од 200.000 евра, повторно беше одложено, додека без никаква правна основа судот веќе три месеци им го продолжува притворот на патриотите заради измислен тероризам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, судот докажа дека е соучесник во овој политички монтиран процес. Институциите не смеат да се стават во функција на СДСМ. Тие мора да бидат секогаш во служба на граѓаните.

Со конструирани обвиненија се прави обид да се заплашат сите оние кои ќе се осмелат да го кренат гласот против оваа неспособна власт. Законите мора да важат подеднакво за сите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.