Остатоци од снег на патиштата, забрани за тешки товарни возила
Се препорачува прилагодување на брзината според условите на патиштата...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните служби на екипите на „Македонија пат“. Се препорачува прилагодување на брзината според условите на патиштата.
Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Дебар- Струга, крак- Маврово- Дебар, Стража- Кичево, Струга- Граничен премин Ќафасан, Крива Паланка- Граничен премин Деве Баир и на планинскиот премин Пресека. Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола- Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.
Делови од западна Македонија сѐ уште се без струја, има и отсечени села, а во некои училишта нема настава.
Службите во главниот град велат дека улиците се чистат. Метеоролозите најавуваат намалување на снежните врнежи, но пониски утрински температури. Стабилизација на времето кон крајот на неделата.
