ДЗС ги реактивира тимовите за интервенција

27.02.2018 13:08

На брифингот со новинарите, директорот на Дирекцијата, Аднан Џафероски посочи дека затекнал долг од 70 милиони денари и несоодветно распределен персонал на работните места.

Дирекцијата за заштита и спасување ги реактивира тимовите за интервенција. За брз одговор се ангажираат и професионалци од разни специјалности. Два тима од по осум члена се обучуваат за спасување планинари.

На брифингот со новинарите, директорот на Дирекцијата, Аднан Џафероски посочи дека затекнал долг од 70 милиони денари и несоодветно распределен персонал на работните места.

Тврди дека за првпат бил направен сервис на хидро авионит, а дирекцијата добила зелено светло од Владата за вработување пилоти.

Неодамна бил набавен и дрон за поддршка на воздухопловните операции.