Во Битолскиот регион патиштата расчистени

27.02.2018 13:17

Обилните врнежи од снег подготвено дочекани од битолската подружница на „Македонија пат“, која важи за најголема со патна мрежа. Нема отсечени населби ниту проблеми за сите видови на возила на седумте опасни планински превои кои се во нивна надлежност. Се подготвуваат за попесочување на влажните коловози доколку се остварат прогнозите за минусни ноќни температури.

Битолската подружница на „Македонија пат“ на висината од задачата во зимски услови. 23 години со тешките возила ги чистам патиштата. Исклучително сум задоволен што по обилните врнежи од снег не ја слушнав констатацијата „Снегот ги изненади“- вели возачот Тони Ристевски.

„Постојано сме дежурни на пунктовите. Овојпат се чувствуваше добрта организациона поставеност. Веднаш по поголемите врнржи почнавме да чистиме, работевме цела ноќ и задоволен сум од состојбата на планинскиот превој Ѓавато“, вели возачот Тони Ристевски.

Сработеното пофалено и од учесниците во сообраќајот.

„Години возам по овој планински превој, навистина е чисто и безбедно, се надевам дека така ќе биде и во иднина“, вели еден возач на лесно патничко возило.

„Јас сум од Албанија, знаев дека имате нов снег, но изненаден сум од чисењето на коловозот“, вели друг возач.

Оваа подружница одржува 1.430 километри патна мрежа. Нема отсечени населби ниту поголеми проблеми на сообраќајот и на најкритичните точки.

На сите седум планински превои кои се во наша надлежност нема забрана за сообраќај за сите видови на возила- велат од битолската подружница на „Македонија пат“. Коловозите главно се водени, а на некои места има остатоци од кашест снег.

Состојби кои налагаат да се подготвуваме за една поинаква интервенција, доколку се остварат прогнозите на синоптичарите за ниски минусни ноќни темпертури, вели раководителот Беким Мемеди.

„Уште од самиот почеток на зимата имаме обезбедено доволни количини на абразивен материјал и песок и се надевам дека нема да имаме проблеми и при следните бранови и навреме ќе ги преземеме сите мерки“, вели раководителот Беким Мемеди.

Добрата оганизациона поставенст овој пат даде големи резултати. Но, доколку и во следните зими сакаме чисти и безбедни патишта, мора да се почне со обновување на возниот парк стар над 30 години.

Стевче Митревски