Чапаровски призна дека побарал поткуп, доби условна казна

27.02.2018 14:27

Првостепениот суд му изрече едногодишна условна затворска казна која нема да се изврши доколу во следниве две години не стори ново кривично дело...

Поранешниот директор на Клиниката за неврохирургија Александар Чапаровски призна дека побарал поткуп, за што првостепениот суд му изрече едногодишна условна затворска казна која нема да се изврши доколу во следниве две години не стори ново кривично дело.

Лекарот, според пресудата, во наредните две години не може да биде избран за директор.

Чапаровски беше уапсен во мај минатата година по пријава од пациент дека лекарот му побарал 1.000 евра за да му издаде потврда со која неговото малолетно дете може да замине на лекување во странство.