Јанукович спречен во обидот за бегство од Украина

23.02.2014 12:41

Граничната полиција го спречила Јанукович да се качи на авион за Русија и сега тој престојува во Донецката област...

Спречен е обидот за бегство на претседателот на Украина Виктор Јанукович со авион да отпатува за Русија. Граничната полиција го спречила Јанукович да се качи на авион за Русија и сега тој престојува во Донецката област.

Претходно парламентот на Украина со 328 гласови „за“ од вкупно 447 пратеници изгласа отповикување на претседателот Јанукивич и распиша парламентарни избори за 25 мај.

Екс премиерката Јулија Тимошенко вчера беше ослободена од затвор и на сцената пред демонстрантите во Киев најави дека ќе се кандидира на претстојните претседателски избори.

Во Киев денеска е мирно, но илјадници демонстранти и натаму се наоѓаат на Плоштадот на независноста. Тимошенко, по ослободувањето  ги повика демонстрантите да не да ги прекинат протестите, и покрај одлуката на парламентот за отповикување на Јанукович.

Белата куќа го поздрави ослободување на Тимошенко и порача дека Вашингтон ќе работи со своите сојузници и Русија за поддршка на „силна, просперитетна, обединета и демократска Украина“.