Сирија
Неуспешен прекин на огнот во Источна Гута
28.02.2018 10:46
Стопирањето на воените дејствија беше спроведено по наредба од Русија, со цел да се испорача хуманитарна помош и да се евакуираат цивилите и повредените.

Неуспешен петчасовен прекин на огнот во Источна Гута, контролирана од бунтовниците. Стопирањето на воените дејствија беше спроведено по наредба од Русија, со цел да се испорача хуманитарна помош и да се евакуираат цивилите и повредените.
Двете страни се обвинија за непочитување на мерката. Регистрирани биле престрелки кај хуманитарни коридори, амбулантни возила.
