Систем за брзо информирање за небезбедна храна
Агенцијата доставила до владата и тригодишна стратегија за благосостојба на животните со која се дефинирани четири приоритети...

Од утре почнува да работи системот за брзо информирање за небезбедна храна, храна за животни и материјали кои доаѓаат во контакт со храна.
Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека наскоро почнува пописот на копитари, а во април годинава Македонија ќе биде пилот земја, заедно со БиХ, Србија и Хрватска, за креирање процедури за справување со шап и лигавка.
Агенцијата доставила до владата и тригодишна стратегија за благосостојба на животните со која се дефинирани четири приоритети- намалување на бројот на кучињата скитници, благосостојба на животните при транспорт и колење, посебно на јагниња, како и благосостојба на кокошките несилки.
