ЗОИ СОЧИ 2014

Златниот боб за Русија

23.02.2014 13:26

Искусниот Александар Зубков перфектно пилотираше по прекрасната боб патека во ржанаја пољана и заедно со Негодајло, Труненков и Воевода и го донесоа 13-от златен медал на Русија во Сочи...

Хокеаркото злато е престиж, најсјајното одличје во боб сатисфакција за Русите за пропуштеното на хокеарскиот турнир.

Од првата до полседната 4-та трка во боб четирисед Русите не го препуштија водството. Искусниот Александар Зубков перфектно пилотираше по прекрасната боб патека во ржанаја пољана и заедно со Негодајло, Труненков и Воевода  и го донесоа 13-от златен медал на Русија во Сочи.

Летонците доцнеа само 9 стотинки, доволно за сребро пред златниот боб на американците од Ванкувер кои се закитија со бронза. Возбудливата завршница за само 3 стоти делови од секундата ја оддалечи руската четворка од втората посада од најниското место на пиедесталот. Губитници се сребрените од Ванкувер – германиците кои по две трки имаа одлична позиција за медал, но на крајот завршија само 6-ти.