Високи функционери на НАТО и ЕУ во посета на Македонија
Заев денеска ќе се сретне со помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Алехандро Алваргонзалес и со Мачеј Поповски, заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија.

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се сретне со помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Алехандро Алваргонзалес и со Мачеј Поповски, заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија.
Посетата на двајцата високи функционери е од особена важност за препознавањето на домашните реформски процеси што ги спроведува Владата, за интеграција во Алијансата и почнување на преговорите со ЕУ, соопшти владината прес служба.
Амбасадорот Алваргонзалес и Поповски ќе се сретнат и со министрите за надворешни и за внатрешни работи, за одбрана и за правда.
