ВМРО- ДПМНЕ: Притворените за собраниските настани не се терористи
Досегашните судски процеси покажаа дека ова е класична политичка хајка за замолчување на сите оние што си ја сакаат државата, стои во дописот.

Власта предводена од Зоран Заев за да го оттргне вниманието од катастрофалните економски и антидржавни политики, прстот го вперува кон политичките неистомисленици, прогласувајќи ги за терористи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека притворените за собраниските настани не се терористи. Правосудството во Република Македонија мора своите пресуди да ги темели врз почитување на законите и Уставот.
Досегашните судски процеси покажаа дека ова е класична политичка хајка за замолчување на сите оние што си ја сакаат државата, стои во дописот.
Зоран Заев и СДСМ треба да бидат свесни дека во оваа земја постојат луѓе кои секогаш ќе се спротивставуваат на штетните политики со кои се уништува Република Македонија, се вели во соопштението.
