ЕВРОПА
Педесетина лица починаа од студот низ Европа
02.03.2018 10:17
Жртви има и во Полска, Романија и Русија, како и во Велика Британија којашто се соочува со снежно невреме и атлантската бура „Ема“.

Педесетина луѓе починаа од студот низ Европа. Поголемиот број од нив биле бездмници во Украина каде што температурите се спуштија и до минус 23 степени.
Жртви има и во Полска, Романија и Русија, како и во Велика Британија којашто се соочува со снежно невреме и атлантската бура „Ема“.
На територијата на Англија и Велс беше прогласен црвен код за опасност. Во Шкотска и натаму се затворени двата најголеми аеродроми.
Серија летови се одложени и од другите аеродроми во Британија, вклучително и Лондон.
