Во Собранието презентација на унифицирана форма на годишни извештаи
Се очекува со ова да се овозможи зајакнување на надзорната улога на Собранието, но и поефикасна соработка.

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на седница треба да утврди формат на извештаите кои независните органи и институции ги доставуваат до Законодавниот дом, а кои се во надлежност на Комисијата.
Се очекува со ова да се овозможи зајакнување на надзорната улога на Собранието, но и поефикасна соработка. Проектот беше поддржан и од мисијата на ОБСЕ во Скопје, со активно учество на сите институции и независни органи, што се обврзани да доставуваат годишни извештаи до Собранието, а кои се во надлежност на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
За денеска се најавени седници и на комисиите за здравство и на законодавно- правната комисија.
