Изложба на фотографии: „Москва денес“ во Прилеп
Односите меѓу македониај и руската федерација по 24 години се стабилни и има можност за развој во сите сфери, смета рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак. Токму по повод 24-годишнината на дипломатските односи меѓу двете земји, прилепчани имаат можност да ја видат изложбата на фотографии насловена „Москва денес“...
Спој на современото и традиционалното, пулсот на животот во една од светските метрополи, доловува изложбата на фотографии насловена „Москав денес“ отворена во прилепскиот Дом на културата „Марко Цепенков“.
Со 12 милиони жители и со 20 милиони посетители годишно Москва нуди богатство од настани за секого. Изложбата е дар за 24-годишнината од дипломатските односи меѓу Македонија и Руската федерација. Фотографиите подеднакво ги фасцинираа прилепчани, но и руските државјани кои живеат во Македонија.
Односите меѓу двете земји се стабилни и има можност за равој во сите сфери, смета рускиот амбасаор во земјава, Олег Шчербак.
Прилепската публика виде 40-ина фотографии што го отсликуваат пулсот на Москва.
Елизабета Митреска
