Се сними разгледницата за Евровизија
Данската национална телевизија во Македонија денеска го сними и најавниот клип за Македонија, кој ќе биде емитуван пред настапот на нашата претставничка...

„Таму кај што припаѓам“ почна да се врти во етерот. На Македонската телевија, во „Хит на месецот“, целата јавност вчера имаше можност ја слушне песната што оваа година ќе не претставува на Евровизија.
Оценката позитивна. Данската национална телевизија во Македонија денеска го сними и најавниот клип за Македонија, кој ќе биде емитуван пред настапот на нашата претставничка. Се работи за интересен научен експеримент, кој се снима во лабораторија на „Алкалоид“.
„Генералната идеја оваа година е предизвикот на уметникот сам да си го направи своето знаме, да биде препознатлив. Навистина ова ќе биде голем предизвик, но уметниците добро го прават ова“ вели режисерот Стеван Трешоу.
Автор на музиката на песната „Таму кај што припаѓам“ е Дарко Димитров и Лазе Цветковски , аранжманот и продукцијата се дело на Дарко Димитров. Текстот за македонската верзија го изработи Елена Ристеска, додека за англиската верзија со наслов „To the Sky“ се погрижија Елена и Дарко, во консултација со Лаура Роска од Романија. За Тијана Дапчевиќ, која ќе ги брани боите на Македонија, Евровизија значи голема чест.
„Ја слушнав песната на YouTube и ми се допаѓа“, изјави Стеван Трешоу, режисер.
Спотот на евровизиската песна ќе поче да се снима наскоро. Сеуште не e одлучено дали Тијана Дапчевиќ ќе пее на македонски или англиски јазик.
Изборот на песна за Евровизија оваа година се одржува во Копенхаген, Данска од 6-ти до 10-ти мај. Македонија настапува во второто полуфинале на 8-ми мај и ќе го забележи своето 14-то учество на најгледаното музичко шоу на стариот континент. Сите информации поврзани со 59- то издани на Евровизија може да се следат на веб страната на македонската радио телевизија.
Ана Јосифоска
