Италија: Борба за превласт по изборите
06.03.2018 10:30
Евроскептиците на Луиџи ди Мајо освоија третина од гласовите, а партијата на Матео Салвини најави дека ќе се бори како претставник од центро-десницата.

Десничарите од „5 ѕвезди“ и „Лига за Северот“ се борат за превласт по изборите во Италија на кои никој не успеа да добие апсолутно мнозинство.
Евроскептиците на Луиџи ди Мајо освоија третина од гласовите, а партијата на Матео Салвини најави дека ќе се бори како претставник од центро-десницата.
Зад нив е „Форца Италија“ на Силвио Берлсукони, која доби најмногу пратенички места во Долниот дом.
Поради изборниот пораз, лидерот на Демократската партија и досегашниот премиер Матео Ренци поднесе оставка.
Формирањето на нова коалициска влада ќе потрае со недели.
