ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја укина правната држава
Според опозициската партија, СДСМ директно се меша во судската власт преку телото за реформи во правосудството кое лично ќе го води Зоран Заев.

СДСМ ја укина правната држава, а наместо правда граѓаните добија партиски суд кој работи под диктат на Зоран Заев и СДСМ. Еклатантен пример за партизацијата на правосудството е изборот на новите членови во Советот на обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, СДСМ директно се меша во судската власт преку телото за реформи во правосудството кое лично ќе го води Зоран Заев.
Додека вистинските криминалци се на слобода, патриотите и неистомислениците на Заев ги полнат затворите. Судството мора да се ослободи од стегите на власта, а обвинителството наместо да работи по нарачка и да креира случаи за невини луѓе да почне да си ја врши работата и да се справи со напливот на криминалот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
